Пабло Даниел Освалдо после три години пауза му се врати на фудбалот и ќе игра за аргентинскиот Банфилд. Поранешниот напаѓач на Рома, Интер и Јувентус се пензионираше во 2016 година за да и се посвети на музиката, но сега се врати на фудбалот со тоа што потпиша шестмесечен договор со Банфилд.

Аргентинецот кој сега има 33 години ќе проба да остави белег во аргентинскиот фудбал како што тоа го направи во дресот на Хуракан во 2005, откако искуството во Бока Јуниорс не беше баш најдобро.