Кшиштоф Пјонтек ги отфрлил понудите од Џенова и Кристал Палас, бидејќи сака да остане со Милан, јавија денеска авторитетни италијански медиуми.

Полскиот голгетер кој беше дел од Џенова до пред една година, добил отворена понуда од својот поранешен клуб да се врати во следните 6-месеци на „Мараси“, но категорично одбил.

Напаѓачот има постигнато само пет гола во првиот дел од сезоната, од кои дури 3 се од пенал. Откако Милан го потпиша Златан Ибрахимовиќ, Пјонтек сигурно ќе биде втора опција за нападот на „росонерите“ во вториот дел од сезоната. Затоа интерес за него дојде и од англиски Кристал Палас, кој исто така го контактирал неговиот агент, но и тие добиле ист одговор – Пјонтек останува во Милан.