По вторпат од почетокот на сезоната, дефанзивецот на Рома, Крис Смилинг им порача на газдите на Манчестер Јунајтед дека не сака по никоја цена да се врати на „Олд Трафорд“. Централниот бек сака да остане трајно во италијанскиот клуб, со тоа што летово очекува перманентен договор.

Тој замина во Серија А на почетокот на сезоната како позајмен играч. Смолинг импресионираше на теренот со настапите во првиот дел од сезоната, а на еден меч дури ја доби и капитенската лента.

Информациите на „Кориере дела Спорт“ велат дека Рома не се сомнева дека ќе го задржи Смолинг и по оваа сезона, затоа што со него веќе имаат устен договор за личните услови.

Интересно е што Смолинг нема откупна клаузула во договор, па претпостаките велат дека Јунајтед за него ќе бара најмалку 16 милиони евра.