Машката ракометна репрезентација на Македонија има негатива од седум гола на полувреме, 19:12 во пријателскиот меч со Словенија, на претпоследната проверка пред настапот на Европското првенство во Виена.

Селекторот Данило Брестовац одлучи капитенот Кирил Лазаров да остане на клупата и на негово место да стартува Мартин Велковски, заедно со Талески и Кузмановски во бековската линија, Манасков и Георгиевски на крилата, Стоилов на линијата и Ристовски на голот.

Единствената предност Македонија ја имаше на 2:3 со погодокот на Велковски во 5. минута, а егал се држеме до 6:6 (Талески).

Нова шанса за водство имавме преку Велковски, но тој биеше крај голот, а Словенија казни на спротивната страна, а откако и нивниот голман запиша нова интервенција, за првпат се најдоа и на два позитива, 8:6.

Се понатаму беше бркање на негатива, која константно растеше, пред се поради проблемите во дефанзивната линија, како и неискористени шанси во нападот.