Лидс игра против Арсенал во гости во ФА Купот во понеделник, а интересна беше најавата пред тој натпревар на прес-конференција на која на новинарските прашања одговораше македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски.

Тој запрашан од новинар дали се плаши од Арсенал, кој минатата недела го победил Манчестер Јунајтед, даде одговор кој што сигурно ќе ги разбесни навивачите на „Црвените Ѓаволи“.

„Манчестер Јунајтед е толку слаб, што и ние сега би го победиле кога би играле со нив“, рече Алиоски.