Американската фудбалска репрезентација требаше од 5. до 25. јануари да се подготвува во Катар, меѓутоа тоа нема да се случи поради политичката нестабилност на Блискиот исток.

Ова доаѓа по ликвидацијата на иранскиот генерал Касем Сулејмани во Багдад од страна на американските сили, и тоа предизвик голема криза, па Америка се одлучи да не ја пушти својата селекција.

„Поради новонастанатата ситуација во регионот, одлучивме да го одложиме нашиот пат во Катар. Заедно со катарската фудбалска федерација работиме на тоа да најдеме соодветен термин за да бидеме гости во оваа земја“, објави US Soccer.