Кошаркарот на Сакраменто Кингс, Двејн Дедмон, јавно побара трејд преку социјалните мрежи откако по одличниот старт на сезоната во последно време добива мала минутажа во својот клуб.

Но, изразувањето на незадоволството на ваков начин скапо ќе го чини 30-годишниот центар, кој заработи казна од НБА лигата. Тој на нејзината сметка ќе треба да уплати 50.ооо долари.

Дедмон сезонава има просек од 4.8 поени и 3.8 скокови по натпревар.