На каталонското дерби во рамките на 19. коло во Ла Лига паднаа четири погодоци. Еспањол приреди изненадување, одигра без победик (2-2) против Барселона во дебито на новиот стратег Абелардо.

Еспањол кој влезе како аутсајдер прв го отвори мечот, во 23. минута Давид Лопез го глава за затресе мрежата на Барселона.

Во вториот дел следеше пресврт, кој го најави Луис Суарез во 50. минута израмни на 1-1, девет минути подоцна Видал погоди за водство од 1-2.

Барселона во 75. минута, Де Јонг заработи црвен картон. Избраниците на Валверде не успеаја да го сочуваат водството, Ву Леи во 88. минута израмни на 2-2.

И покрај ремито, Барса и по 19. коло остана лидер на табелата со 40 бода исто колку што има најголемиот ривал Реал Мадрид.