Филипо Венца, фудбалер на аматерскиот тим на Роденсе доби неверојатна можност да игра против фудбалерот на кого најмногу му се восхитува. Не само да игра туку и да биде негов чувар. Овој студент по медицина доби задача од тренерот да му парира на 38-годишниот ас на светскиот фудбал и задоволен е од тоа како го направи тоа.

Милан победи со 9:0, Ибра запиша гол и асистенција.

Отсекогаш Ибрахимовиќ и Дел Пјеро ми биле идоли. Вчера дојдов во соблекувалната, тренерот не фати за рака и ми рече. Ти ќе го чуваш Ибрахимовиќ. Не можев да поверувам што слушам. Мислам дека добро си ја одработив задачата, а си го добив и неговиот дрес“, изјави Венца.