Реал Мадрид барем неколку часа ќе биде лидер на табелата во Шпанија, со победата над Гетафе од 0:3. Автоголот, Варан и Модриќ го донесоа овој убедлив триумф за „кралевите“, и сега ќе чекаат „кикс“ на Барселона на градското дерби со „Еспањол“ вечерва.

Избраниците на Зидан го скршија домашниот отпор во 34. минута кога Сориа си постигна автогол. Во 53. минута Варан зголеми на 0:2, а Модиќ во последните секунди донесе 0:3.