По триумфот во Гармиш-Паркенкирхен, 21-годишниот норвешки ски-скокач Мариуд Линдвик победи и на третата скокалница од „Новогодишната турнеја 4 скокалници“ што денеска се одржа во австрискиот Инсбрук. Норвешкото чудо од дете поведе во првата серија со скок од 133 метри, додека Полјакот Давид Кубацки имаше идентичен скок но послаби оценки. Трет беше Јохан Андре Форганг со скок од 131 метар.

Во втората серија ветерот им направи проблем на скокачите.Даниел Андре Танде најмногу профитираше од состојбата и по 12 место во првата серија направи најдобар скок во втората со 131 метар доволно за трето место на подиумот. Форфанг, Кубацки и Линдвиг скокнаа 120,5 метри со тоа што за првиот немаше место на подиумот, а Кубацки остана втор, а Линдвиг ја однесе победата за 1,3 поени.

Штефан Крафт заврши четврти, петтото место му припадна на Штефан Лајне, па следуваат Шлиренцаер, Форфанг, Гајгер па браќата Превц на 9. односно 10. позиција. Кобајаши, победникот во Оберсдорф, на првата скокалница од Новогодишната турнеја заврши на 14 место.

Сепак, во генералниот пласман во Светскиот куп води Полјакот Давид Кубацки, а втор е Линдвиг, а трет падна Карл Гајгер.

Утре караванот се сели во Бишофсхофен, каде се квалификациите, а во понеделник ќе биде главната трка.