Најверојатно Астон Вила е изборот на Емануел Адебајор (35) за нов клуб во својата долга кариера. Напаѓачот од Того на голема врата се враќа во Премиер лигата, и сигурно дека оваа зима си заминува од турскиот Кајзериспор.

Челниците на клубот од Бирмингем имале контакти со менаџерите на Тогоанецот, тој би требало да биде замена за повредениот Весли.

Адебајор најголем дел од својата кариера ја мина на Островот, беше член на екипите на Арсенал, Манчестер сити, Тотенхем, Кристал Палас. Играше и за Реал Мадрид, Монако, Мец и Башакшехир.