Керала Бластерс со 5:1 го совлада тимот на Хуберабад, а еден од стрелците на головите беше и македонскиот интернационалец Влатко Дробаров. Стоперот го постигна вториот од петте голови, а за него ова беше прв во индискиот шампионат.

Керала ја оствари само втората победа во шампионатот, и сега „заплива“ во помирни води на средината на табелата.