Македонската ракометна репрезентација во овој момент го игра последниот контролен натпревар пред стартот на Европското првенство. Црна Гора е противникот на нашите момци, кои на полувремето имаат негатива од еден гол 12-13.

И на оваа средба селекторот, Данило Брестовац почна без капитенот Кирил Лазаров. Дуелот го почнавме со Танкоски, Талески, Велковски, Стоилов, Манасков и Георгиевски, на голот беше Митревски.

По првото полувреме најефикасен во нашите редови е Манасков со пет гола, два помалку има Талески, Митревски пак има пет интервенции.