Горан Пандев се врати откако ја одлежа суспензијата и со гол во 86. минута и донесе победа на Џенова против Сасуоло со 2:1, многу вредна, не само што е прекината црната серија на неуспеси туку малку се мрднаа работите од место, а ова е одличен старт и на новиот тренер Давиде Никола. Пандев иако ветеран ги одигра сите 90 минути и одлично реагираше во финишот за победа на џеновјаните.

Ова беше многу важен натпревар за нас. Победата ни беше многу потребна. Денеска патевме до крај, но благодарение на Бога успеавме да победиме. Ова е победа од срце, со многу труд и напор. Ако останеме обединети ќе успееме (да изборат опстанок). Мораме да работиме и да го слушаме тренерот. Шампионатот е долг и мораме да веруваме во себе и во своите квалитети и повторувам – да останеме обединети. Овој тим не заслужува да е на дното, но тоа се фактите и мораме да ги прифатиме“, изјави Пандев за „Скај спортс Италија“.

СЕ ВРАТИ СПАСИТЕЛОТ: Пандев и донесе победа на Џенова (видео)