Егзон Бејтулаи, Зени Хусмани, Јакуп Бериша и Шефит Шефити и официјално не се повеќе дел од Шкендија. Сите тие во договор со клубот се слободни и може да си побараат нова клупска средина. Интересно, иако за Бејтулаи и Хусмани одамна се знаеше, посебно за репрезентативниот стопер кна кој му заврши договорот. Исто така и за Хусмани, кој ни од далеку не ги оправда очекувањата. Велиме интересно за младите Шефити и Бериша. Првиот играше стандардно кај Ќатип Османи, но не и во есенскиот дел, додека вториот дојде од Вардар како голем талент, но не успеа да се избори за првотимскиот статус со оглед на силната конкуренција.

Салајдин Мустафи пак ќе биде тренер на голманите во младинските категории.  Инаку познат е „возниот ред“ на тетовци во овие зимски подготовки, кои започнаа вчера. До 23 јануари ќе се работи во Тетово, за да потоа се оди во Анталија каде ќе се престоува до 8 февруари. Во Турција тимот на стратегот Ернест Ѓока ќе одигра и четири пријателски натпревари со силни противници.