Дел од обложувалниците ги открија своите фаворити за освојување на златниот медал на Европското првенство кое почнува на 9. јануари.

Понудите секогаш се богати, не само што може да типувате околу освојувачот, секогаш пред самиот старт ја има листата на ракометари кои би можеле да го завршат евро-шампионатот со најмногу погодоци.

Секако, тука на врвот е Кирил Лазаров. Капитенот на македонската репрезентација е страв и трепет за противничките голмани, ништо поразлично нема да биде ниту во Виена. Добро е познато дека Лазаров го држи рекордот на најмногу постигнати голови на едно Европско првенство и секако на едно Светско првенство.

Поредокот на обложувалниците во однос на стрелците е следниот: Хансен (Данска) и Генсхајмер (Германија) се главни фаворити, следува Сагосен (Норвешка), зад него е Лазаров. Тројцата ракометари се најдоа пред капитенот поради една причина, на нивните селекции им даваат поголеми шанси за висок пласман.

На оваа листа се најде уште македонски репрезентативец. Дејан Манасков игра одлична сезона во дресот на Веспрем, па за очекување е да биде еден од главните лидери во нашиот тим. Тој се најде на 44. место.