Откако комплетно беше уништена статуата на Златан Ибрахимовиќ во шведски Малме, вандали ја уништија и статуата на Алексис Санчез во Токопила во Чиле.

Поранешната ѕвезда на Арсенал и Манчестер Јунајтед во 2017 година доби статуа во својот роден град, која исто така ги слави и неговите 132 настапи за националниот тим.

Напаѓачот на Интер е водечки стрелец на сите времиња со 43 гол и се смета за национален херој, па несфатливо е зошто некој би ја уништил неговата статуа.