Полскиот голман Војчех Шчесни го продолжи договорот со италијанскиот шампион Јувентус до 2024 година. Искусниот голман е стандарден првотимец покрај Џиџи Буфон, а италијанскиот шампион е задоволен од услугите на некогашниот голман на Арсенал.

Според информациите од Италија, Шчесни ќе добива годишна плата од 7 милиони евра плус бонуси што е двојно повеќе во однос на претходниот договор и со тоа е еден од најплатените фудбалери во клубот но и во Италија.