Капитенот на македонската репрезентација, Војдан Стојановски ја оствари првата победа во Лигата на шампиони во дресот на По Ортез. Францускиот тим на домашен терен го совлада Анвил со 85:77.

Стојановски беше стрелец на десет поени (2/4 за три, 1/3 за два, 2/4 за еден поен), додаде уште четири скока за нецели 20. минути.

Ова беше трета победа за По Ортез со седум порази се наоѓа на седмото место на табелата во групата Б.