Дарко Чурлинов, најмладиот фудбалер кој играл за нашата А репрезентација, од денеска е нов член на Штутгарт. Тој утринава го одработи првиот тренинг со своите нови соиграчи, беше во друштво на Бадштубер, Гомез и другите ѕвезди на „Швабите“.

Тој се пресели во Штутгарт, во градот во кој седиште има Мерцедес – Бенц, еден од најголемите светски марки за автомобили. Ќе игра на Арената „Мердецес – Бенц“ која собира 60.000 гледачи. На Чурлинов, на еден од нашите најголеми таленти, му посакуваме многу среќа и многу голови, многу настапи во Бундес лигата. Келн допрва ќе сфати што пропуштил.

За крај да кажеме дека Дарко тргнува по стапките на Митко Стојковски, нашиот легендарен фудбалер кој пред повеќе од 20 години играше за „Швабите“ кога тогаш тренер беше Јоаким Лев, сегашниот селектор на Германија, и како Срѓан Захариевски во периодот од 1999 до 2000.