Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак е најзаслужен за победата на својот тим против Леванте. Тој ја скрати радоста на македонскиот фудбалер Енис Барди на два пати во финишот, и со тоа не дозволи да биде совладан. Со тоа Барди пропушти можност два пати да го совлада еден од најдобрите голмани во моментов, откако тоа му успеа на ланскиот квалификациски меч во дресот на репрезентацијата на дуелот во Љубљана.

Барди разговарал со Облак после натпреварот, и имале интересна конверзација.

„Облак ми рече: „Ме совлада со Македонија, ама вечерва не ти дозволив“. Се разбира, тоа беше со насмевка. Го ценам, тој за мене е еден од најдобрите голмани во Светот“, открива Барди.