Холанѓанецот Макс Ферстапен го продолжи договорот со тимот на Ред Бул до крајот на 2023 година. 22-годишниот возач во Ф1 шампионатот беше промовиран во редовите на Ред Бул во 2016 година откако раскина со Торо Росо.

„Ред Бул веруваше во мене и ми даде шанса да стартувам во Фортмула 1 и за тоа сум им многу благодарен. Сакам да победувам со Ред Бул и нашата цел е да се бориме за што подобар пласман во шампионатот“, изјави Ферстапен кој е најмладиот победник во историјата на Ф1 со триумфот на шпанското Гран-при со 18 години во 2016.

Инаку тој заврши трет во неодамна завршената сезона во Ф1 зад шампионот Луис Хамилтон и Валтери Ботас. Се шпекулираше за негов можен трансфер во Мерцедес или Ферари, но ништо од тоа.