Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен кој вчера го продолжи партнерството со австрискиот тим до 2023 година, според последните информации, со новиот договор ќе има и значително зголемување на платата.

Според новата соработка, Макс во иднина ќе заработува по 40 милиони евра. Ова е истата плата која ја добива Себастијан Фетел во Ферари. Само шесткратниот светски шампион, пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон, добива поголема плата според последниот договор.

Интересно е што досега Верстапен заработуваше по 12 милиони евра годишно, па ова најново зголемување е дури трикратно, што го става во редот на најплатените спортисти на денешницата.