Кевин де Брујне, херојот од вчерашниот дуел во Карабао Купот меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, изјави дека многу малку ја подготвувале тактиката за тој натпревар. За тој меч Гвардиола изненади, и на теренот се постави без ниту еден класичен напаѓач.

Белгискиот фудбалер откри дека тактиката за Јунајтед ја спремале само 15 минути.

„Вежбавме 15 минути пред мечот, и тоа е се. Но, тоа не беше тактика која и порано не сме ја користеле. Тоа го правевме неколку пати. Сепак, и покрај победата, не е се готово“, рече Де Брујне.