Шпанска Малага денеска го суспендираше тренерот Виктор Санчез, откако беше објавено експлицитно видео на 43-годишниот тренер на социјалните медиуми. Од клубот објавија дека е покрената истрага.

На својот Твитер профил, Санчез објави дека бил уценуван во врска со видеото пред да биде објавено.

„Јас сум мета на криминалци против мојата приватност со вознемирување и изнудување“, вели тој.

„Предметот е во рацете на полицијата и јас ги следам нивните инструкции. Разменувањето или ширењето на интимна содржина на кое било лице без согласност преку социјалните мрежи или пораки или на кој било друг начин е исто така кривично дело. Ви благодарам за разбирањето и поддршката“, дополни тој.

Малага во моментов е на 16-то место во шпанската Сегунда дивизија.