Откако заврши сагата околу преселбата на Нејмар во Барселона, сега Бразилецот со оптимистички тонови во ПСЖ. Тој смета дека екипата има добри шанси да дојде до титулата во Лигата на шампионите, нешто што е цел на клубот во последните години, но никако не успева да дојде ниту до полуфиналето.

„Мислам дека постои можност оваа сезона да дојдеме до титулата во Лигата на шампионите. Кога зборуваме за играчи, откако сум во ПСЖ, ова е најподготвената и најсилната екипа според моето мислење. Значи дека имаме шанси“, рече Нејмар.

Сепак, и понатаму не му се даваат шанси на парискиот клуб, пред се што пред нив има други фаворити.

Лани ПСЖ беше елиминиран во 1/8 финалето од Манчестер Јунајтед, а оваа година ќе се соочи против Борусија Дортмунд.