И екипата на Академија Пандев денеска стартуваше со подготовките за вториот дел од првенството. Според планот, првиот дел од припремите ќе се одработи во Струмица, а екипата на 24-ти јануари ќе замине за Анталија – Турција, каде се до 7 февруари ќе се продолжи со вториот дел од припремите и ќе се одиграат шест контролни натпревари.

Инаку клубот го напуштија Марко Рајковиќ, Марио Маслаќ и Давид Денковски. Нови имиња се Ангел Гранчов и албанскиот интернационалец Ндуе Мујеци, а клубот соопшти дека веќе се договорени и уште неколку засилувања кои деновиве ќе се приклучат кон тимот и ќе бидат и официјално претставени.