Пари Сен Жермен се пласира во полуфиналето на францускиот Лига куп откако вечерва со неверојатни 6:1 го демолира составот на Сент Етјен. Гостите дојдоа на „Паркот на принцовите“ и уште по првото полувреме развеаа бело знаме.

Во 2 минута погоди Икарди, потоа „зелените“ останаа со играч помалку (Фофана поради два жолти картони го напушти натпреварот), а до крајот на првото полувреме погодија Нејмар и третиот беше смешен автогол.

ПСЖ имаше огромна предност од 3:0 која ја удвои во вториот дел. Икарди погоди уште два пати заокружувајќи го првиот хет-трик за парискиот клуб и првиот хет-трик воопшто после март 2018 во мечот меѓу Интер и Сампдорија.

Но не само тоа. Аргентинецот му асистираше на Мбапе за погодокот за 6:1. Во 71 минута гостите само ублажија преку Кабаје.

Во полуфиналето се пласира и Лион кој го победи Брест со 3:1, а таму ќе го гледаме и Лил кој со 2:0 го елиминира Амиен.