Последен ден за машката ракометна репрезентација на Македонија во Терме Лашко, Словенија. Селекторот Данило Брестовац и момците денеска на агендата имаат два тренинзи, како и видео анализа на првиот противник на ЕП во Виена, Украина, со која го отвораме првенството на 10 јануари.

Далеку од очите и притисокот на македонската јавност, по контролите со Словенија и Црна Гора, Брестовац и неговиот стручен штаб тивко работат на финесите, го намалија интензитетот и ги смирија страстите за комплетно подготвен тимот да го воведат на ЕУРО 2020.

„Екипата е во завршна фаза од подготовките. Го намаливме интензитетот, со посилен акцент е ставен на тактиката и анализа на Украина, за да бидеме комплетно подготвени за стартот на ЕП”, објасни селекторот.

Репрезентацијата утре по појадокот го напушта Лашко, патува за Љубљана и од таму до Виена.