Вториот противник на македонската репрезентација на Европското првенство, Чешка одржа прес-конференција пред заминувањето за Виена.

Даниел Кубеш имаше интересна изјава за противниците, но и за фановите кои ќе бидат во Виена, не ја прескокна „Фалангата“ која е добро позната за големите натпреварувања.

„Австрија игра на домашен терен, што значи може да биде многу опасна. Тука е Македонија, нашиот најтрадиционален ривал, со нив се немаме сретнато една година“, рече Кубеш, а потоа коментираше за поддршката од трибините:

„Се надеваме дека нашите фанови ќе бидат на трибините. Австријците се гладни за победа, ќе ги има во голем број. Не смееме да ги заборавиме Македонците, ги има буквално секаде“.