Марко Мишевски, ќе има „пеколно“ деби во А репрезентацијата на Европското првенство во Виена, со оглед на тоа дека селекторот Данило Брестовац на него ќе му ја додели улогата на главен дефанзивец и младиот бек ќе треба да ги „пополни чевлите“ на Велко Маркоски, кој несреќно го пропушта ЕП.

Скромен и тивок, помалку „изгубен“ во лудилото кое го носи предвечерието на континенталниот собир, Мишевски за СПОРТМЕДИА, вели дека е подготвен да покаже дека не случајно е тука.

„Одлично сум прифатен и се вклопив во екипата, не само јас, туку и другите помлади играчи. Нема причина да не фаќа паника или слично. Големо натпреварување, европско, прво за мене, подготвен сум да го дадам најдоброто од мене. Мислам дека можам да одговорам на задачите кои ќе ми ги даде селекторот иако ќе биде тешко да се замени еден Велко Маркоски, кој е стандарден во националниот тим, но ќе дадам максумум за да го сторам тоа. Позитивна трема постои, но ќе се обидам да ја употребам на најдобар можен начин.“

Што се однесува до Украина, дебитантот вели:

„Добро ја анализиравме Украина, знаеме со што располага и мислам дека сме подготвени за нив. Имаме одговор за нивната бековска линија, имаат и добри пикери, но мислам дека нема да имаме проблем да ги затвориме и мислам дека ќе биде се ОК.“

Дали може Македонија во следната фаза?

„Секој од нас ќе даде максимум, па ќе видиме. Се надевам на добар резултат“, заклучува Мишевски.