Филип Петров и официјално е ново име во редовите на Македонија ЃП. По Мартин Ковачев, Петров денеска е второто име кое „лавовите“ го претставија во зимскиот преоден рок. Петров до пред некој ден беше фудбалер на Борец, но искусниот напаѓач се раздели со велешани и сега се врати во Ѓорче.Инаку претходно Петров играше и за Вардар, Јавор, Тетекс, Пелистер. Секако дека ова ќе биде големо засилување во нападот на Македонија ЃП.