Владислав Остроушко треба да биде лидерот во таборот на Украина, првиот противник на Македонија на Европското првенство. Станува збор за ракометар кој добро им е познат на дел од нашите репрезентативци, оние кои настапуваат во Еурофарм Работник.

Бојан Маџовски открива дека со Остроушко си размениле некој збор пред да се разделат по завршување на првиот дел од сезоната.

„Пред да се разделиме, тој замина ден порано, му реков да не напаѓа кај мене тоа сигурно ќе биде пробивање“, ни откри Маџовски на денешната медиа-средба во Виена.

Што се однесува до групата вели дека мора да бидеме претпазливи, не смее да се потцени никој, ниту Украина за која многумина велат дека е аутсајдер.

„Имаме добра група, но сепак не смееме да ги потцениме. На првиот меч играме со Украина, имаме поквалитетна репрезентација со нив, но никако не смееме да го оспориме нивниот квалитет. Се надевам дека ќе го отвориме првенството со победа“.