Откако стана јасно дека битката за титулата во Премиер лигата е загубена, раководството и менаџерот на се уште актуелниот англиски шампион Манчестер Сити, прават план за новиот изглед на тимот следната сезона. Денешен „Дејли Телеграф“ објави дека Манчестер Сити има во план купување на 4 до 6 нови играчи на крајот на сезоната.

Според изворот на весникот, Пеп во разговорите со управата побарал итно да бидат доведени цевтрален дефанзивец и лев бек, кои се најприоритетни во тимот и ако е изводливо истите да се купат уште оваа зима. Одлуката да не се доведе нов играч како замена на Венсан Компани се покажа како една од најлошите одлуку на клубот.

Манчестер Сити на списокот на потенцијални засилувања веќе ги има Пау Торес од Виљареал и Рубен Диас од Бенфика, а Пеп би сакал да го купи и Бенџамин Чилвел, но неговиот трансфер може да го чини клубот многу пари, затоа што Лестер не сака да го продаде.

Крилниот напаѓач и заменик капитен на Реал Сосиедад, Микел Ојарзабал би може да дојде во клубот како замена за Лерој Сане, кој е пред трансфер во Баерн, а Пеп смета и на Саул Нигес од Атлетико (М), како замена за Давид Силва.