Македонската ракометна репрезентација од денеска е во Виена. Нашите ракометари пристигнаа во хотелот „Хилтон Гарден“ каде ќе бидат сместени во првата фаза од натпреварите на Европското првенство.

Со насмевки и видно расположени, пристигнаа во хотелот пред првите денешни активности во пресрет на утрешниот премиерен меч со Украина.