Напаѓачот на Челзи Калум Хадсон-Одои покажа неверојатна контрола на топката откако 398 пати жонглираше при обиколката на тренинг центарот. 19-годишниот фудбалер ја почна акцијата во тренинг центарот во Кобхам пред да излезе надвор каде го дочека соиграчот Мејсон Маунт.

Тие си разговараа за својот ден додека Хадсон-Одои жонглираше, а потоа продолжи со обиколка на тренинг центарот и заврши на рецепција со точно 398 удари топката да не падне на земја.