Денеска фудбалерите на Македонија ЃП ги стартуваа подготовките за пролетниот дел од сезоната 2019/2020. Ѓорче и дефинитивно се разбуди од зимскиот сон, под палката на тренерот Наџи Шенсои, „лавовите“ го одработија и првиот тренинг. Тука беа и новаците Мартин Ковачев и Филип Петров. „Лавовите“ воведната фаза ќе ја одработат во своето Ѓорче, а главната е закажана за во Анталија, каде ќе се одиграат и неколку пријателски натпревари со силни ривали.