Кошаркарите на денвер го добија големото ноќешно дерби кај Далас со 107:106 во меч во кој на двете тсрани фантастично расположени беа регионалните ѕвезди, Никола Јокиќ и Лука Дончиќ. На крајот поуспешен беше Србинот кој со 33 поени му отвори пат на својот тим до 26. сезонска победа со која останува на 2. место на Западот.

Далас иако го имаше фантастично расположениот Дончиќ кој средбата ја заврши со 27 коша, 10 асистенции и 9 скока и му недостасуваше само уште еден скок за нов трипл-дабл ефект, сепак, не ја искористи шансата за победа на домашен терен. За Тексашаните ова беше вториот пораз во последните три средби со кои остануваат во ТОП 6 на Западот.

Историски настап синоќа имаа Џејмс Харден и Треј Јанг кој беа главни актери на средбата меѓу Атланта и Хјустон. „Ракетите“ на крајот славеа како гости со 122:115, а Харден средбата ја заврши со нов трипл-дабл од 41 поен, 10 скока и 10 асистенции. На спротивната страна му „реплицираше“ Јанг кој забележа 42 поени, 13 скока и 10 асистенции.

Така, Харден и Јанг направија историско постигнување во НБА. За прв пат во историјата, кошаркари од две противнички екипи направија трип-дабл скор со над 40 постигнати поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Бостон – Сан Антонио 114:129

Шарлот – Торонто 110:112 (пр.)

Индијана – Мајами 108:122

Орландо – Вашингтон 123:89

Атланта – Хјустон 115:122

Далас – Денвер 106:107

Њу Орлеанс – Чикаго 123:108

Јута – Њујорк 128:104

Голден Стејт – Милвоки 98:107