Мал, но важен детал пред дуелот со Украина доби селекторот, Данило Брестовац од Димитар Маневски, физиотерапевтот во нашата репрезентација. Случајно дознал дека противникот ќе игра „седум на шест“, нешто што не очекувал предводникот на нашиот најдобар национален тим.

„Ме изненади што Украинците толку долго играа 7 на 6 во нападот. Интересно е што уште пред мечот добив дојава од нашиот физиотерапевт Диме дека Украинците се подготвуваат во нападот да играат 7 на 6. Тој случајно поминал покрај нивните играчи и ги слушнал како се договараат за таква тактика и веднаш ми соопшти. Му благодарам на Диме за одличната асистенција пред мечот“, потенцираше селекторот.