Изненадувачки, играчот на Борусија Менхенгладбах Матијас Гинтер е прогласен за играч на годината во Германија. Стоперот освои најмногу гласови, а ова е изненадување затоа што во Бундеслигата играат толку многу подобри играчи, барем на хартија.

Гинтер го симна од тројот Марко Ројс кој победи минатата година.

Инаку интересно Гинтер беше соиграч на Ројс во Борусија Дортмунд. Меѓутоа поради малата минутажа беше испратен од Дортмунд во Борусија Менхенгладбах. Тој стана и стандарден во „зелено-белите“, а стигна и до дресот на германската репрезентација.