Поранешниот репрезентативец Филип Миркуловски во гостување на Алфа ТВ рече дека навивачите се секогаш најголем мотив кога се игра за репрезентацијата, а така ќе биде и сега во Виена на ова ЕП.

„Навивачите се нашиот најголем мотив. Секогаш било така, и така ќе биде и сега на ова Европско првенство“, рече Миркуловски.

Тој откри дека секогаш пред мечевите Стоилов е најнервозен во соблекувалната.

„Лазаров има посебни ритуали, а Стоилов е најнервозен во соблекувалната. Во Србија јас играв со исти чорапи додека траеше серијата на победи“, открива Миркуловски кој додава дека на ова ЕП успех ќе биде да се мине првата фаза.

„Да се помине во втората фаза би било успех, а пласман на Олимпијада би било огромен успех“, смета Миркуловски.

Поранешниот репрезентативец беше прашан и за неговото откажување во репрезентацијата.

„Срцето сака многу, но телото не може. Секако дека ми е полесно кога сум на теренот доле со соиграчите. Но телото вели нешто друго“, смета Миркуловски.