Обвинителството на Салцбург покрена случај против австрискиот фудбалски репрезентативец Штефан Илсанкер поради силување на девојка. Фудбалерот моментално игра во бундеслигашот РБ Лајпциг и има 40 натпревари за националниот тим.

26-годишната девојка поднела пријава во полицијата и тврди дека фудбалерот ја силувал за време на забава во апартман во Салцбург. Адвокатот на Илсанкер вели дека фудбалерот не се чувствува виновен и дека девојката се обидува да го „намести“.