“Црвено-жолтата” боја доминира во Виена. „Фалангата“ го освојува градот домаќин на нашата група.

Нашите фанови гледаат на секој можен начин да ја одбележат својата територија и да го најават своето присуство. Пред катедралата Св. Стефан во центарот стои транспарент на кој е насликан капитенот Кире Лазаров, главниот воин на Македонија.

Веќе на големо се пејат песни и се веат македонските знамиња.