АД ЕСМ денес потпиша договори за финансиска поддршка на спортски клубови од Битола. На потпишувањето присутвуваа претставници од клубовите Јовче Христовски, Сашо Шамбевски и Кире Грбевски.

Најголема финансиска поддршка добива РК Еурофарм Пелистер кој добива 8,5 милиони денари, Кошаркарскиот клуб Пелистер добива 2,5, а 1 милион одат за ФК Пелистер. Исто така ЖРК Пелистер добива 750 илјади денари, додека финансиска поддршка ќе добијат и кугларскиот клуб Пелистер, како и женскиот фудбалски клуб Топ гол.

-Општествената одговорност на АД ЕСМ се одразува и во овие наши активности за кои годинава предвидени се над 25 милиони денари за поддршка на спортски клубови од цела држава. Најголем дел од средствата, секако, се наменети за битолските клубови заради фактот што тука се наоѓа нашиот најголем производствен капацитет – РЕК Битола, истакна генералниот директор на АД ЕСМ, м-р Васко Ковачевски по потпишувањето на договорите.

Фото: BITOLANEWS