Дејли Блинд во декември минатата година беше примен во една болница поради проблеми со срцето. Тој на натпреварот со Валенсија во Лигата на шампионите се пожалил на вртоглавица, а прегледите на кои беше подложен покажаа дека има воспаление на срцевиот мускул и дека мора да заборави на фудбалот одредено време.

Холандскиот фудбалер доби посебен дефибрилатор на левата страна од градите, а се чини дека нема да оди на зимски подготовки за Ајакс, односно ќе остане во Амстердам. Но, размислува за враќање на зелените терени.

„Повторно ќе играм фудбал. Морам да бидат трпелив, ова може да трае една седмица, може и два месеци. Важно е добро да се рехабилитирам“, рече Блинд.