Македонската репрезентација во добра, но работна атмосфера го одработи првиот тренинг по вчерашниот „инфаркт меч“ со Украина на ЕП 2020 во Виена. Како што е познато, Македонија го реши победникот во последниот шут на голот, кога Кире Лазаров погоди.

Насмевките и натаму се присутни на лицата на нашите ракометари и на стручниот штаб, а сега максимално сериозно треба да се сфати следниот предизвик – Чешка. Меч кој е многу важен за нашата селекција, со оглед дека може да решава за пласманот во следната рунда. Со победа нашите момци дефинитивно се во втората фаза.

А, победата и утре е во мислите. Момците вчера ветија дека од дуелот со Украина ќе се извлечат поуки и дека ќе се исправат грешките. Нека биде така, па утре да славиме нова победа. Па макар и со 1 гол разлика.