Менаџерот на Арсенал, Микел Артета го најде вистинското засилување за средниот ред во редовите на Милан. Според последните информации, „топчиите“ со 19 милиони фунти ќе тргнат по потписот на Хакан Чалханоглу.

Факт е дека Чалханоглу не се снајде најдобро во редовите на Милан откако дојде од Леверкузен, и сега оваа сума ќе биде добродојдена за екипата на „росонерите“ да го продадат и да бараат друго решение.