Вечерва во рамките на 19 коло во Серија А, Џенова со Горан Пандев, загуби на гостувањето кај Верона со 2:1. Ел Гранде одигра солидни 60.минути, по што беше заменет со Фавили. Интересно, Џенова поведе со 1:0 и тоа со голот на Санабриа во 41. минута, па така на пауза се замина со водство на гостите. Во вториот дел Верона најпрво израмни во 55.минута преку Вере и тоа од пенал, за да во 65.минута поведе и на крајот победи со голот на Закањи.

Впечатлива беше борбеноста на Пандев, преголема беше неговата желба да му помогне на неговиот тим да остане непоразен во Верона, токму затоа во 52. минута заработи и жоолт картон по еден старт врз домашен фудбалер.

Со овој пораз Џенова сега по 19. коло се наоѓа на 18. место на табелата со 14 бодови, еден помалку од Лече кој пам има натпревар помалку.