Од вчера битолските „зелени“ се во погон. Под водство на стратегот Зоран Штерјовски играчите на Пелистер ги стартуваа зимските подготовки. Целта за пролетниот дел е јасна, Пелистер да го задржи првото место во Втората лига – запад, и да се врати во елитата.

Токму затоа раководството на клубот на чело со претседателот Пеце Стојчевски, успеа да донесе четири квалитетни засилувања.Тоа се стоперот од Работнички Александар Борха, потоа Димитар Иванов од Тиквеш, па Благоја Спиркоски и Неџми Реџепи од Лабуништа. Се очекува во текот на наредните денови битолчани да ангажираат уште некое ново име.